Иницирање на здруженијата за заедничко дејствување

Иницирање на здруженијата за заедничко дејствување

Синоќа во  Хотел „Континентал“ – Скопје, беше успешно одржана средбата која ја покрена здружението на граѓани „Традиционално семејство“ насловена како „Иницирање на здруженијата за заедничко дејствување“.

Ние граѓаните организирани во поголем број различни здруженија од сите краишта на нашата држава и кои имаме заедничка цел, се здруживме сплотени со заеднички сили во „Борба за семејството“. На задоволство на сите можевме да ги проследиме излагањата на претседателите на дел од здруженијата кои беа присутни во голем број. Покрај елаборирањето на нивните сопствени цели, проговорија и за заедничкиот приоритет, СИТЕ без исклучок несебично ја изразија  поддршката кон постигнување на заедничката цел  – зачувување на семејството и БРАКОТ – како заедница помеѓу еден маж и една жена!

На средбата беа прочитани и писмата за поддршка од сродни здруженија од соседството, Бугарија и Србија. Исто така се дискутираше и за зачувување на моралните и духовните вредности на семејството. За воспитанието и образованието на нашите деца, цврсто стоејќи на ставот дека сме против воведување на сеопфатно сексуално образование и неутрално родово воспитание во градинките и основните училишта. 

Се наоѓаме во период кога интензивно се работи на промена на постојната законска регулатива, меѓу која и Законот за заштита и спречување од дискриминација, со чијашто промена се отвора вратата за редифинирање на институцијата БРАК и разнебитување на моралните и духовните вредности на семејството.

Ние здруженијата сме  спремни и сложни  за заедничко делување во заштита на своите вредности, каде  традиционалниот брак  и семејство ни се од суштинска важност. Затоа од средбата излеговме со заклучок потпишаното писмо да се испрати до сите пратеници во парламентот. Сосема е демократски да има борба на идеи и мислења, за напредок и просперитет на општеството во сите сфери, затоа сосема е лигитимно да се здружуваме во интерес на доброто на сите граѓани.
ПРАШАЊЕТО Е НАДПАРТИСКО! НАДВЕРСКО! НАДЕТНИЧКО! БРАКОТ – ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ВО ПОСТОЈНАТА ЗАКОНСКА РАМКА И ДЕФИНИРАЊЕ.
Бидејќи тоа е БРАК и на Македонците, Албанците, Ромите, Власите, Србите, Бугарите, Бошњаците и сите народи што живеат во земјава! БРАКОТ – како таков го има и кај христијаните, и кај муслиманите.  Го има и кај членовите на СДСМ, ВМРО, ДУИ, БЕСА и сите политички партии кои се присутни во државата!
ОВДЕ НÈ ИМА ОД СИТЕ ГОРЕ СПОМНАТИ!
Ви благодариме за иразената  поддршка и соработка на сите присутни!

Close Menu